Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија се земјите во кои има најголема потрошувачка на кокаин и екстази, се наведува во извештајот на ОН за користењето на т.н. „дроги за забави“ во 2014 година.
На четврто место е Холандија. Кокаинот најмногу се користи во Шкотска, следна на листата е Шпанија, Австралија и Уругвај, па потоа се Англија и Велс.
Како што објавува Дејли мејл, извештајот следи после барањето на познати јавни личности, кои од британската влада побарале да ја прекинат „својата војна против дрогата“. Во отворено писмо до британскиот премиер Камерон, повеќе од 80 потписници бараат тој да ја преиспита политиката на државата кон дрогите, поради кои во изминатите 15 години се криминализирани преку 1,5 милиони луѓе. На листата се потписите на Расел Бранд, Сер Ричард Бренсон и Стинг.