Анкара може да ги загрози меѓународните обврски од областа на човековите права со забраната на социјалната мрежа Твитер, посочуваат од Обединетите нации кој денеска ја повикаа Турција да ја тргне забраната, јавува „Хуриет дејли њуз“.
– Ние сме загрижени дека блокадата на 20 март на пристапот до Твитер од агенцијата за -телекомуникации може да е во спротивност со меѓународните обврски на Турција во областа на човековите права, изјави Руперт Колвил, портпаролот на Врховниот комесар на ОН за човекови права.
По барање на премиерот Теџеп Тајим Ердоган, турските телекомуникациски власти го блокираа пристапот до Твитер на 20 март.