Северна Кореја предизвика меѓународна осуда и доведе до итна седница на Советот за безбедност по соопштувањето на новиот, помоќен подземен нуклеарен тест и тоа со користење на пософистицирана технологија. Ваквиот чин на Северна Кореја претставува закана на веќе кревката безбедносна ситуација во Југоисточна Азија, јавува Си-Ен –Ен.
Ова е првиот нуклеарен тест извршен од лидерот на оваа земја Ким Јонг Ун, кој како што анализира Си-Ен-Ен, се чини дека спроведува идентична политика на неговиот татко за градење на воена пречка на изолираната држава со цел да ги задржи своите непријатели во заливот, а како резултат добива меѓународна осуда и санкции.