НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Онаа Европа до пред шест месеци повеќе не постои, рече Џонсон

0
By Sashko on April 8, 2022 СВЕТ
Фото: anews.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржаа заедничка прес-конференција во Лондон на која Џонсон кажа дека Велика Британија и Германија делат чувство на „ужас и одбивност“ кон „бруталноста што ја претрпе украинскиот народ“, меѓу кои и утринскиот ракетен напад врз цивили во украинскиот град Краматорск.

Џонсон кажа дека нападот што се случи утрово на железничка станица во источна Украина покажува „колку длабоко потонала војската на Путин“.

„Воено злосторство е да се напаѓаат цивили. Злосторствата извршени во Украина нема да останат неказнети“, рече Џонсон.

Џонсон повтори дека „Путин не смее да успее“ и најави нови британски санкции против Русија, што се однесуваат на замрзнувањето имот и забрана за патување.

Тој го пофали својот германски колега за „решителноста да стави крај на зависноста од руската енергија“ и додаде дека „тоа не е лесно за никој од нас и затоа ги поздравувам историските одлуки донесени од владата на Шолц да се оддалечи од руската енергија“.

Џонсон додаде дека Германија и Велика Британија се придружиле на десетиците земји кои испраќаат оружје и заштитна опрема, како шлемови и панцири, во Украина.

„Европа каква што ја знаевме до пред само шест недели веќе не постои. Инвазијата на Путин е удар врз темелите на безбедноста на нашиот континент, но неговата желба да нè подели очигледно не вроди со плод“, рече Џонсон.

„Напротив, Путин ја обедини Европа и целата трансатлантска Алијанса за поддршка на Украина и взаемна солидарност“, кажа тој, додавајќи дека Велика Британија ќе испрати уште оружје во Украина, во вредност од 100 милиони фунти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.