НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опасноста од ширење на вирусот Витанов

0
By Биљана Секуловска on March 14, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секако дека има многу начини за спас од Корона вирусот, но ниту еден спас не е откриен во ниту една лабораторија во светот- спас од големите просветители како извесниот Зоран Витанов, инаку поранешен заменик-министер за економија (неколку месеци, 2001 година) и пратеник, сегашен самопрогласен месија кој чекори по Земјата како вакцина на глупоста, но пред се, разурнувачка бомба на опасноста.

Лежерно сликан насред Виена, пред Катедралата, тој во видео обраќање до светското население ја има својата животна шанса да ги едуцира  загрижените луѓе со пресвртот- во кој тој е единствениот повикан кој има што навистина да им соопшти и објасни.

Нурнат длабоко во транс, проповеда како единствениот преживеан од глупоста на верувањето дека стравот што го шират светските влади од Корона е најголемата теорија на заговор што воопшто можела да му се случи на светот.

Најсмешниот дел, според нашиов апостол, се токму тие препораки на владите- пред се здрав разум и одговорност кај граѓаните, како единствена превенција за ширење на вирусот. Вели- исклучете ги телевизорите, слушајте ги компетентните, кои не се на владин буџет.

Тој пак, се клати во бес и гнев што е празно, пусто и морничаво во срцето на Австрија, согласно препораките, држи говор пред Катедралата, нормално, сосема сам, како последниот човек на Планетава избран од самиот себе да ја пишува историјата.

Шарлатанството тука не застанува- тој проповеда верување во себе, и длабоко во себе, да се зарони во сопствената душа и разум, да не се потклекне на бајките за вирусот, затоа што дури ни чумата не ги сотрела божјите туристички чеда, за кои тој сега лелека и ги повикува да му се придружат. Верувам дека половина од нив се разбегале откако го виделе овој чуден и несекојдневен егземплар кој задишано говори- дека смртните случаи од Короната се всушност запоставени пациенти, ништо поинаку не може да го убеди дека би било можно.

Како додава тој со крештав и пискав,  за негова жал, тоа е оној нехипнотизирачки глас- знаете, не е лоша превентивата, но видете како светските влади ја држат контролата врз вас кутри мои луѓе, ни ги перат мозоците и стравот се шири, хистеријата парализира, а тој, светиот отец и син и што уште не, не би сакал да го гледа човештвото во рацете на ненормалноста, зарем не?

Веројатно за ова лудило предупредуваше и претседателот Пендаровски, информирајќи за загриженоста од лажните вести и манипулациите, кои се најопасното парализирачко оружје со кое владите мора да се справат, во ширењето на Корона вирусот.

Внимавајте, тој предупреди дека овие лажни вести не се дело на глупост или наивност, на незнаење или замаглени погледи на свет, туку за “организирано и планско ширење на лажни вести, со цел дополнително да се влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите”.

Затоа веројатно, Зоран Витанов влегол во директен натпревар со Корона вирусот- кој може да биде поопасен во услови кога најдобриот лек е одговорноста во слушање пред се- на препораките на Венко Филипче, и се разбира, претседателот Стево Пендаровски.

Лек за Витанов се уште не е измислен- се додека институциите не се алармираат и не ја сфатат сериозноста од ваквите упади кои се шират многу поопасно, од самиот вирус.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.