Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Операциите ќе се снимаат, директорите збунети околу камерите

0
By Менче Атанасова Точи on August 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Хирушките клиники и болниците во државата до 15 септември треба да започнат со видео снимање во операционите сали. Ова значи дека под итно треба да набават камери за снимање на операциите иако поголемиот дел од нив воопшто немаат распишано тендери или се подготвуваат да го сторат тоа.

Пред неколку дена во сите болници стигнало Укажување со кое Министерството за здравство ги потсетува дека до 1-ви септември имаат обврска да набават опрема за видео снимање и архивирање на операциите.

Директорите се во паника. Овој дополнителен трошок не само што ќе се одрази на и онака лимитираните буџети, туку создаде и збунетост бидејќи се во недоумица какви камери да набават. Во Укажувањето на Министерството е наведено какви камери да се набават, со која должина и дијаметар во ХД резолуција, што внесе уште поголема збунетост.

– Овие денови ќе го распишеме тендерот за набавка на камери во операционите сали. Според првичните проценки камерите ќе чинат од 130 000 до 150 000 евра и незнаеме како и кога ќе ги платиме. Постојано сме во комуникација со колегите во другите клиники бидејќи податоците за техничките каратеристики добиени од Министерството не се доволно јасни изјави за НОВА, Сашо Стојчев директор на Градската општа болница „8 Септември“.

На Хирушките клиники велат дека опремата која што беше набавена со големиот тендер во здравството нема ХД резолуција, ниеден апарат нема видео запис, така што она што надлежните сугерираат да се набави нема да овозможи квалитетна снимка.

– Вака нема да можеме да оперираме, многу погрешни проценки и нејасни податоци се наведени во писмото од Министерството кои доведуваат до конфузија изјави за НОВА Милчо Пановски абдоменален хирург.

Инаку, снимањето кое треба да биде задолжително за време на операциите беше различно протолкувано кај лекарите. Додека едни сметаат дека е добро да се има архива во случај да затреба во некој судски процес, други сметаат дека снимката не е никаква гаранција бидејќи лесно може да се скрати дел од снимениот материјал, со што ќе се уништи доказот доколку дојде до лекарска грешка.

Многумина од лекарите кои сакаа да останат анонимни, сметаат дека во вакви лоши услови кога болниците кубурат со финасиски средства и тонат во долгови, смешно е да се набавуваат камери од кои една чини од 10 до 20 000 евра. Дотрајаните апарати за дијализа, набавка на поефтини и несоодветни лекови за болните од леукемија, немање на лекови за децата со ретки болести, лошата хигиена во болниците, лебарките во болничките соби, ова се и понатаму суштински работи кои ги засегаат и лекарите и пациентите за кои тие сметаат дека имаат поголем проритет од набавката на видео камери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.