Обединетата албанска опозиција, предводена од демократите на Љуљзим Баша, на мирниот анти-владин протест во Тирана денеска попладне собраа околу 150 илјади граѓани, јави дописникот на МИА од Тирана.
На протестот било изразено незадоволството од Владата на Еди Рама, кого го нарекоа лажго и му порачаа да започне со вистинска работа, во споротивно да си замине.
Според Баша, ова е најголемиот и најмасовниот протест што некогаш е одржан во Албанија, а тоа е резултат на револтот на граѓаните против корумпираната власт и власта на олигарсите.
Поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите Сали Бериша, се најде на чело на поворката, во која беа и сите пратеници на опозицијата. Протестот помина мирно, без инциденти.