Жителите на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска на општи избори гласаат за неколку институции и нивоа на власта.
Граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пратеници во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседател на Република Српска и пратеници во десет кантонални Собранија во Федерацијата БиХ.
Според податоците на Централната изборна комисија на изборите ќе учествуваат 98 политички субјекти, вклучувајќи 50 партии, 24 независни кандидати и 24 коалиции. За 518-те мандати од различните гранки на власта се борат 7748 кандидати. Право на глас во БиХ имаат 3,3 милиони. Луѓе, од кои над 2 милиони се регистрирани во Федерацијата на Босна и Херцеговина и 1,2 милиони во Република Српска.
Ова се седми општи избори по Дејтонскиот договор од 1995 година, со кој беше ставен крај на војната во поранешната југословенска република.
Најголемо внимание предизвикува изборот на раководител на Република Српска. За овој пост се борат актуелниот претседател Милорад Додиќ – шеф на Сојузот на независни социјал демократи. Негов главен конкурент е Сојузот за промени, формиран околу опозициската Српска демократска партија.
Во текот на предизборната кампања Додиќ прогласи курс најнапред за слободна конфедерација, а потоа и на отцепување на Република Српска и претворање во независна држава. Тој се залага и за создавање на посебна хрватска формација во рамките на БиХ.
Според хрватските медиуми овие избори треба да го решат прашањето за статусот на Хрватите и да доведат до промени во уставот, кои и да ги легитимираат нивните права.