Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар ќе го “чешла” ДУП-от

0
By Сашка Цветковска on May 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на општина Центар ја прифати иницијативата на граѓанското здружение “Плоштад Слобода” за измена и дополнување на урбанистичките планови со цел враќање на зелените површини во центарот на градот со 12 гласа “за” и 11 “воздржан”, како што гласаше советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Расправата на оваа последна и најжешка точка на дневниот ред на Советот помина во тензична атмосфера со многу надвикувања и препукувања помеѓу двете советнички групи.
Главниот аргумент на ВМРО ДПМНЕ за отфрлање на иницијативата беше дека нема потреба од нејзино разгледување бидејќи и онака според програмата на општината било предвидено да се разгледува деталниот урбанистички план. Беше повикан и раководителот на секторот за урбанизам за да потврди дали постои програма според која се разгледува ДУП-от.

Раководителот потврди дека според програмата е предвидено разгледување на ДУП-от, но претседателот на Советот побара од него да дообјасни дека тоа разгледување е само техничко поради новите усогласувања со ГУП-от кои ги прават сите општини во Скопје и дека воопшто не се однесува на истата работа.

“Плоштад Слобода” бараат градежните парцели во центарот на градот кај Бристол и АутоМакедонија да се пренаменат во зелени површини, односно да им се врати првобитната намена.
Градоначалникот Андреј Жерновски поради, како што велат од таму неодложни обврски не присуствуваше на разгледувањето на оваа точка на што ВМРО ДПМНЕ остро реагираше и го обвини дека бега од нивните прашања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.