Општина Центар ги обвини советниците на ВМРО- ДПМНЕ за блокада и опструкција на денешната седница. Во соопштението на ОЦ се вели:
-Денешната седница на Советот на Општина Центар е прекината. Со процедурални забелешки, советниците на ВМРО ДПМНЕ се обидоа да ја опструираат работата на Советот, на која меѓу другото требаше да се усвојат годишните извештаи за работата на сите 7 основни училишта во Општина Центар.
По последната пауза, советниците на ВМРО ДПМНЕ не се вратија во салата, со што беше оневозможен понатамошниот тек на седницата.
Инаку на оваа седница беа дојдени и сите 7 директори на основните училишта, кои по прекинот на седницата, се вратија и присуствуваа на пресот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, се вели во соопштението на ОЦ.