Вo Србија се протестира против општото незадоволство во државата. Така, синоќа во Белград се собраа околу 500 демонстранти да го изразат својот “општонароден револт”, и да побараат “целосна демократија”, “социјална правда” и “стоп на сиромаштијата”.
Граѓаните скандираа „Анти-капиталисти!“, а на собирот имаше и говорници.
Тие рекоа дека целта на овој собир е сите луѓе да се поврзат и да направата работни групи за преземање на понатамошните чекори.
Како што објави српскиот весник Блиц главни причини за протестото се зголемувањето на сиромаштијата на луѓето, наспроти зголемувањето на имотите на богатите. Се протестираше против невработеноста, експлоатацијата на работникот, насилството врз жените и дискриминацијата.