Евроамбасадорот Аиво Орав уште еднаш повика на размислување околу формирањето на експертска комисија за настаните на 24 декември.
Како клучен период за Македонија и излез од политичката криза, Орав бара власта и опозицијата да воспостават политички дијалог.
,,Портпаролот на комесарот за проширување Филе, веќе им даде неколку информации на новинарите и се надевам дека за оваа комисија или оваа идеја, добро ќе размислат уште еднаш. Мислам дека нема други иницијативи од Европската Унија. Важно е политичките лидери во вашата земја да најдат заеднички јазик и заеднички пристап како да излезат од политичката криза во овој момент”, изјави Орав.
Претседателот на Република Македонија Ѓoрге Иванов, на 27 јануари иницираше формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.