Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан е победник на вчерашните локални избори во Унгарија, остварувајќи победи во главниот град Будимпешта и 20 од вкупно 23 поголеми градови во земјата.
По преброени над 80 отсто од гласовите, премиерот Орбан излезе со трета изборна победа годинава по парламентарните и евроизборите во земјата.
Јобик, која важи за крајнодесничарска партија заостанува значително зад Фидес, остварувајќи победа во девет градови во Унгарија.
Излезноста на вчерашните локални избори во Унгарија изнесува 42 проценти, што е за околу 4 проценти помалку од 2010 година.
Виктор Орбан е одново избран за премиер во месец април, кога неговата партија освои двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент.