Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Организациите незадоволни од новиот закон за медиуми

0
By Сашка Цветковска on June 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Клучните забелешки изостанаа од новиот нацрт закон за медиуми, се жалат повеќето од македонските медиумските организации. Освен интервенции во членот 4, законот останува во рамките на идејата да ги регулира сите медиуми – весници, телевизии, радија и интернет.

Нема промени ниту по главните препораки на ОБСЕ и Советот на Европа во однос на составот и ингеренциите на регулаторот, односно Агенцијата за медиуми, препораки чија имплементација треба да ја гарантира политичката независност на органот. Еве кои беа клучните препораки на Советот на Европа и на ОБСЕ.

•Зголемената опасноста од контрола на власта во Агенцијата за радиофизија е главната забелешка во анализата на Советот на Европа. Се предлага членовите во советот да се бираат со двотретинско мнозинство во парламентот, да се намали бројот на членови кои ги предлага Собранието, а да се зголеми бројот на членови кои ги предлага невладиниот сектор.
•Советот на Европа препорачува да се изземат печатените медиуми и интернетот од регулацијата, а уште посилни се забелешките тоа да се прави во еден закон
•Дефинирањето на новинарот е рестриктивно и неприфатливо во формата во која е дадено во законот, а и дефиницијата на медиумски издавач ја сметаат за контрадикторна

Ниту една од овие препораки во моментов не е во новата верзија на нацрт законот. Министерството единствено постапило по препораката да се намали мандатот на членовите на Советот во Агенцијата од 9 на 7 години, но според македонските организации тоа воопшто не е суштински проблем.

Од МИМ и ЗНМ велат дека се уште не стигнале да направат темелна анализа на новото решение бидејќи било објавено доцна во текот на ноќва, но од она што можело да се прочита, законот не се бави со суштинските проблеми кои во него ги детектираа и домашните и странските организации.

-Забелешката околу номинирањето на членови во Советот како концепт останува во новиот закон и мислам дека тоа треба се уште да го разговараме затоа што препораката тоа да се промени стои и во анализата на Советот на Европа и во онаа на ОБСЕ, вели Билјана Петковска од МИМ.

Незадоволство доаѓа и од редовите на ЗНМ.

– Оваа нова верзија е само фризирање на претходната. Ниту една клучна забелешка на ЗНМ не е прифатена , концептот е ист – да се опфатат сите медиуми. Или накусо, кога бевме во основно училиште, нашите учители на задаваа една трик задача, не прашуваа колку се пет баби и пет жаби. Нормално, неа беа десет, туку бабите си беа баби, жабите жаби. Е, сега министерството во овој закон сака да не убеди дека пет баби и пет жаби се десет, вели Ердем Ахмет од управниот одбор на ЗНМ.

На денешната трибина на Македонскиот институт за медиуми гостуваше и авторот на експертската анализа на Советот на Европа Бернхард Мовс кој уште еднаш ги повтори главните забелешки на новиот закон за медиуми и опасностите од силни политички влијанија кои доаѓаат со одредени решенија во законот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.