Организацијата на потрошувачи на Македонија кубури со финасиски средства и нема доволно подршка од државата за да може активно да се вклучи во процесот на следење на безбедноста на храната. Токму затоа и во екот на аферата со кацерогеното млеко, со измамата на потрошувачите со коњско и свинско месо, со сирењето, Организацијата на потрошувачи остана на страна од сите збиднувања. Освен што учествуваа во дебатни емисии на некои медиуми тие не направија ниту една независна анализа и активно не допринесоа за на потрушувачите да им се врати довербата во безбедноста на млекото, млечните производи и месото. Она на што се сведува нивната актвност во последно време се укажувањата на потрошувачите, по што тие реагираат до Агенцијата за храна.