Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ошлис: „На Македонија и се потребни пријатели во светот“

0
By Нова ТВ on December 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинешниот лауреат на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, германскиот научник Волф Ошлис говори за Дојче веле на македонски јазик, за значењето на оваа награда за продлабочувањето на македонско– германските културни и научни релации.

– Наградата ја доживувам радосно и изненадено, како што би рекол на германски, „freudig überrascht“. Наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ постои од 1969 г. и, како што имам чуено, јас сум првиот странец, или барем првиот Германец што ја добива. Ова не е прва награда и признание за мене: во ноември 2003 година бев прогласен за почесен доктор на науки на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје. „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ е признание за моите остварувања во областа на публицистиката, поврзани со Македонија, и јас исклучително се радувам, бидејќи станувам нејзин добитник. Можеби малку нескромно, но, сепак, ќе кажам: убеден сум дека ја заслужувам, вели Ошлис.

-Доделувањето на оваа награда на еден Германец нека биде уште еден доказ дека Македонците не треба да бидат „објект на определени спорови околу имињата на државата, или на рамковни договори“, туку дека тие се мирољубив народ кој знае да се одбрани, ако треба. Тоа го нагласив во 2004 година во насловот на една од моите книги „Македонија – Воен дневник од една мирна земја“. Но, побитна за Македонија е културата, според која меѓународната заедница треба секогаш да ја препознава оваа земја. На Македонија и се потребни пријатели и луѓе, кои ќе ја „умножуваат“ вистината за неа ширум светот. Токму ова се повеќето од оние што денеска се занимаваат со Македонија и кои биле учесници на „Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура“ во изминатите шест децении во Охрид – „Балканскиот Ерусалим“.

Професорот Ошлис е еден од најголемите пријатели и претставувачи на македонскиот јазик и на македонската држава во светот. Автор е и коавтор на многу дела преку кои се изнесуваат научни сознанија за оваа држава. Автор е и на првиот учебник по македонски јазик објавен надвор од границите на поранешна Југославија. Ошлис ја има преведено книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков од македонски на германски јазик, во кој има напишано и обемен предговор – студија за Македонија. Германскиот е шести јазик на кој е преведено ова капитално дело, покрај на англиски, руски, чешки, грчки и француски јазик. Ошлис е автор, или коавтор на други книги на македонски јазик, меѓу кои и на лани објавената книга со симболичен наслов „ГерМакедонија“, посветена на македонско-германските врски со поднаслов „Студии за македонско-германската заемност низ вековите“ и со прилози за културната историја на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.