Словенечката Управа за нуклеарна сигурност вчера објави дека еден дел од цевката за гориво се скршил и паднал на дното на ректорскиот базен со водата за ладење. Причината за дефектот не е објавена ниту во најновото соопштение.
Помалку од четири месеци откако на населението кое што живее на 10 километри од Нуклеарната електрана „Кршко“ им беа поделени таблети со калиев јодид за заштита од радиација, во нукларката се откриени тешки оштетувања на високорадиоактивните цевки за гориво, пренесува Јутарњи лист.
Веднаш се повикани француски стручњаци кои деновиве ќе помогнат со подводен робот да се провери дали во базенот останал некој дел од радиоактивната цевка. Тој детал можеби немаше да биде ни објавен ако еколошкото друштво Фокус и Гринпис не испратија писмена опомена за инцидентите кои се случуваат се почесто.
Јутарњи пишува дека никој не сакал да даде конкретни информации за причините за оштетувањето, ниту коментар за останатите инциденти во изминатите пет години на нуклеарката стара над 30 години.