Леонардо ди Каприо по 6 номинации (5 во актерски категории) конечно синоќа освои Оскар за перформансот во The Revenant..
Мексиканскиот режисер Алехандро Г. Ињариту втора година по ред ја освои статуетката за најдобра режија (овој пат за The Revenant), додека пак неговиот колега Емануел Лубезки трета година по ред освои Оскар за најдобра кинематографија (оваа година за филмот The Revenant).
Spotlight беше прогласен за најдобар филм , додека пак за најдобра актерка беше прогласена Бри Ларсон за драмата Room. Оскарите за споредна машка и женска улоги отидоа во рацете на Марк Релајнс за Bridge Of Spies и Алисија Викандер за The Danish Girl, a за најдобра оригинална песна беше прогласена Writing’s On The Wall од филмот Spectre.
Mad Max: Fury Road освои 6 статуетки Оскар од вкупно 10-те номинации, но сите беа за техничките категории како најдобра монтажа, шминка и стајлинг, костимографија, тонски микс.
Најдобaр странски филм е унгарскиот филм Son of Saul на режисерот Ласло Немеш.
Son of Saul- Трејлер