Надежда Толокникова стана вториот член на рускиот панк бенд Пуси Бунт да биде ослободен од затвор според новиот закон за амнестија.
Марија Аљокнина беше ослободена претходно во понеделникот во Нижни Новгород.
Аљокнина рече дека амнестијата е “маркетиншки трик” во пресрет на Зимските олимписки игри и таа попрво би останала во затвор.
Жените беа затворени во август 2012 година за “хулиганство мотивирано од верска омраза” откако изведоа протестна песна во главната катедрала во Москва, против Путин.(ВИДЕО)
Поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски – еднаш најбогат човек во Русија – исто така беше помилуван во петокот и ослободен по повеќе од 10 години затвор за измама и даночно затајување.