По указот на рускиот претседател Владимир Путин за помилување, денеска е ослободена и пејачката на групата „Пуси Рајот“, Марија Аљохина, која поради критика на шефот на Кремљ беше осудена на две години работен логор.
Аљохина денеска е ослободена од затворот, потврди нејзиниот адвокат Пјотр Саикин за руската новинска агенција РИА Новости. 25-годишната Аљохина е на пат кон Москва.
Таа заедно со нејзината колешка од групата, Надежда Толоконикова во август минатата година беше осудена на две години затворски логор поради протестен концерт против рускиот претседател Владимир Путин во московската црква „Христос спасителот“.
Денеска би требало да биде ослободена и Толоконикова, соопштуваат нејзините роднини.