Двeте членки на руската протестна група Пуси рајот кои беа уапсени во близина на одморалиште Сочи каде што се одржуваат Зимските олимписки игри , се ослободени.
Марија Аљокина и Надежда Толокникова биле држени под сомнение за кражба.
Двете членки на бендот и две други жени излегоа од полициската станица во Сочи облечени во ски маски по нивниот краток притвор.
Двојката беше осудена за протести против претседателот Путин во 2012 година.
Тие одржаа протест, заедно со другите членови на бендот во најголемата катедрала во Москва и беа ослободени од затвор во декември.

