Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осма смрт на затвореник во Идризово за една година

1
By Нова ТВ on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
Идризово
Идризово
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Европскииот центар за правата на Ромите смртта е сомнителна и ќе го изнесат неговиот случај пред суд, како дел од колективна тужба која вклучува смрт на тројца други затвореници Роми против Управата за извршување санкции при Министерството за правда

Беким Демир, 39-годишниот Ром, починал од предозирање во затворот Идризово само неколку дена пред да биде пуштен на слобода. Тој е осмиот затвореник кој починал во КПУ Идризово во 2017 година и четвртиот Ром кој починал во македонските затвори во период од само 9 месеци, тврдат во Европскииот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта.

Од ЕЦПР соопштија дека ќе го изнесат неговиот случај пред суд, како дел од колективна тужба која вклучува смрт на тројца други затвореници Роми против Управата за извршување санкции при Министерството за правда.

„Повторно, околностите околу смртта на еден Ром се сомнителни и несигурни. Семејството на Беким добило телефонски повик од него на денот кога починал. Тој им кажал дека имал тешкотии при дишењето откако лекарот во затворот му дал две инјекции од кои се чувствувал парализирано. Го замолил своето семејство да дојде во затворот за да го спаси.

“Неколку недели пред неговата смрт, Беким му се пожалил на своето семејство дека чуварите и лекарите во затворот го малтретираат. Чуварите рутински го тепале и му се обраќале со етнички навреди, тврди неговото семејство кое ги видело белезите на неговиот грб. Исто така, тој се жалел на постојани болки во стомакот и нозете, за што лекарите одбивале да му дадат медицинска нега, дури го малтретирале затоа што барал помош. Еднаш, лекарот наводно му рекол на неговиот претпоставен „нека оди по ѓаволите, изнеси го, сите тука се болни, не ми е гајле дали ќе умре““, тврдат во ЕЦПР.

Беким отслужувал 3-годишна казна затвор за кражба и немал сериозни здравствени проблеми пред да биде примен во КПУ Идризово, каде при посетите семејството забележало дека со текот на времето неговото здравје се влошува. Тој има две ќерки на 12 и 4 годишна возраст.

„Македонија веќе беше предупредена. Континуираната смрт на млади Роми во нивните затвори не помина незабележано, и ние нема да дозволиме ова да помине туку-така. Тие знаат дека тоа што го прават е погрешно, а  веќе имаат платено оштета за смртта на затвореник Ром во многу сличен случај. Доколку Министерството за правда не нареди соодветни истраги, ќе видиме што судовите имаат да кажат за случајот. Ако одбијат да ја задоволат правдата, овие случаи ќе ги изнесеме пред Европскиот суд за човекови права“,рече претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ. 

Од ЕЦПР сметаат дека смртта на овој млад човек многу наликува на околностите на смртта на други двајца Роми оваа година, тоа се 25 годишниот Јусинов Ердал и 21 годишниот Андриас Реџепов. И двајцата починале поради предозирање со лекови против болка, и двајцата ги обвиниле чуварите и лекарите во затворот за малтретирање и на двајцата наводно им била одбиена медицинска нега во часовите пред нивната смрт.

Станува очигледно дека македонските власти се или неспособни или неподготвени целосно да ја истражат смртта на овие затвореници Роми и доколку е потребно, да ги гонат лицата кои се одговорни за тоа. Од ЕЦПР сметаат дека постои неверојатно голем број докази кои упатуваат на институционално насилство врз припадниците на ромската етничка заедница. Неуспехот соодветно да се истражат околностите во овие смртни случаи претставува прекршување на многу национални закони, како и на член 14 (право на недискриминација) од Европската конвенција за човекови права, заедно со член 2 (право на живот) и член 3 (забрана на тортура), предупредуваат од Европскиот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.