Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Ангажманот на сите чинители за старт на преговорите ќе биде придонес не само за државата, туку и за регионот

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Завршувањето на изборните процеси во Северна Македонија и во Бугарија создаде предуслови за политичка стабилност и предвидливост во двете држави, а со тоа и потреба за рефокусирање на нашиот ангажман и енергија во правец кон надминување на разликите коишто доведоа до блокирање на европскиот пат на земјава, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Првиот ден по тие изборни процеси дојдов во дводневна работна посета во Брисел за да се сретнам и со мојот колега од Република Бугарија, меѓутоа и со високи претставници на Европската унија, за да ги утврдиме наредните чекори во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ, како една можност за започнување на преговорите, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата нагласува дека тој процес нема да биде лесен, но оттука и „придонесот на секој во отворањето на ова ново поглавје за државата кое што ќе ја приближи на еден чекор до ЕУ ќе биде од суштинско значење“.

– Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија е клучот за деблокирање на целиот регион, мислам дека вклучувањето на сите чинители во државата во правец на изнаоѓање на решение, во правец на започнувањето на преговорите ќе биде запаметено како суштински придонес не само за државата, туку и за регионот, потенцира Османи по завршувањето на дводневната посета на Брисел.

Како што соопшти МНР, Османи денеска оствари средби и со копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, Андреас Шидер и со известителот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.

Во соопштението се посочува дека на средбите станало збор за последните внатрешно-политички случувања во државата, каки и за евроинтегративните текови во државата и обидите и можностите за придвижување на целокупниот процес.

– Од пратениците беше подвлечена силната поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, непречен тек на европската агенда на земјата, усвојување на преговарачката рамка и организација на првата меѓувладина конференција. Тие ја нагласија важноста за континуитет на реформите, за потребата од стабилност на државата со цел создавање позитивна атмосфера за отпочнувањето преговори. Беше истакнато дека концептот на мултиетничка и мирољубива држава, посветена преку компромис и дијалог да доаѓа до решенија, се препознава како уникатен и голем успех за Северна Македонија и претставува пример не само за регионот, туку и пошироко. Нагласувајќи го геополитичкиот аспект за важноста на проширувањето на ЕУ со регионот, беше едногласно констатирано дека Западниот Балкан е важен не само за безбедноста и стабилност на ЕУ, туку и за севкупниот економски, политички и општествен напредок на континентот, се наведува во соопштението.

На средбата, Ќучук го информирал министерот Османи за текот на подготовките на новата Резолуција за напредокот на земјата, документ што традиционално, секоја година го изготвува Европскиот парламент.

Османи имаше средби и со дипломатскиот советник на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Симон Мордју и со други високи претставници на ЕУ, а работната посета на Брисел ја заокружи со интервјуа за угледниот бриселски веб сајт „ЕУ Обсервер“ и за „Агенција Европа“, споделувајќи видувања за актуелните внатрешни и надворешно-политички текови во Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.