Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи бара од ЕК да почне билатерален скрининг со С Македонија и покрај блокадата од Бугарија

0
By Нова ТВ on December 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашиот календар имаше краен рок – декември за отворање на преговорите. Бидејќи не успеа, сега се наметнува друг календар на кој, најверојатно, ќе влијае периодот на избори во Република Бугарија, рече шефот на дипломатијата во интервју за „360 степени“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека разговара со Европската комисија, но и со земји членки на Европската Унија за продолжување на објаснувачкиот и почеток на билатералниот скрининг со Северна Македонија.
Целта е, рече Османи во интервју за „360 степени“, да се одржи „тонусот“ на институциите во земјава додека се бара решение на отворените прашања со Бугарија.

„Тоа се обидувам да го разговарам и со земјите членки и со Европската комисија во овој период, бидејќи сметам дека така ќе се држат институциите активни. Тоа се периоди во рамки на преговарачкиот процес, меѓутоа, не се регулираат во Преговарачката рамка за да се зависни од неа и би можеле овој период да го компензираме и со дел од преговарачкиот процес, а сепак додека разговараме со Бугарија да изнајдеме решение“, изјави Османи во интервјуто дадено по турнејата во Романија, Чешка, Унгарија и Австрија.

Прашан „дали сè уште се прават обиди за надминување на проблемот со Бугарија во блиска иднина, со оглед на впечатокот од изјавите и настапите на премиерот Заев, кој како да крева раце, барем во оваа фаза“, шефот на дипломатија рече дека пристапот не се менува, туку календарот.

„Нашиот календар имаше краен рок – декември за отворање на преговорите. Бидејќи не успеа, сега се наметнува друг календар на кој, најверојатно, ќе влијае периодот на избори во Република Бугарија, така што, така треба да се наметне и нашата динамика, со тоа што ние продолжуваме, се обидуваме да го искористиме секој ден за да ги надминеме разликите. Немаме алтернатива за добри меѓусоседски односи, немаме алтернатива за патот кон ЕУ, така што ние ќе се фокусираме на две прашања: продолжување на реформите, никако ова не смее да влијае на некое успорување на реформите и нашата посветеност кон европскиот пат, и потребата од добри меѓусоседски односи кои не се само додадена вредност, туку се важно прашање во процесот на проширување. Така што, ќе продолжиме да комуницираме, не знам колку во услови на предизборен период политичарите можат да донесат одлуки, меѓутоа ние треба да бидеме подготвени и за сега и за после изборите“, вели Османи во интервјуто емитувано во синоќешното издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Извор: 360степени

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.