Портпаролот на ДУИ, Бујар ОСмани во интервју за НОВА, истакнува дека сега е време да се седне на маса и да се реши спорот околу името со што ќе се деблокира процесот на евроинтеграции, време да се донесат храбри одлуки.
На прашањето дали постојат разлики по ова прашање во Владата односно помеѓу Ахмети и Груевски, Османи со одговор: Ние од ДУИ чувствуваме дека нема разлики, дека и ВМРО – ДПМНЕ сака да се реши името.
Она за што регира ВМРО – ДПМНЕ е јавно да не се говори за последниот предлог на медијаторот Нимиц, без да се знае ставот на другата страна, објаснува Османи.
„Наша цел, вели портпаролот на ДУИ, е да се отвори јавна дебата по ова прашање“.
Целосното интервју со потпаролот на ДУИ, Бујар Османи ќе можете да го гледате утре во Студио на НОВА во 18 часот