Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Историјата ќе биде безмилосна со нас ако не ги продолжиме евроинтеграциите

0
By Ана Василевска on January 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бујар Османи
Бујар Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Повторно повикувам на меѓупартиски консензус за членството во ЕУ. Изгубивме две децении и историјата ќе биде безмилосна кон нас ако не ги продолжиме евроинтеграциите“ рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во неговото видео обраќање на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека оваа година ќе работи и ќе се залага за формирање на широка расправа со цел да се бориме против пропагандата која не спречува да стигнеме до суштината на евроинтеграциите.

„Врвен приоритет за нас ќе бидат добрососедските односи, за што еклатантен пример се односите со Грција со која имаме јасна и предвидлива соработка. Грција е наш стратешки партнер и цврст поддржувач“ рече Османи.

Министерот истакна дека имаме искрени намери за да се врати трендот на соработка и дијалог со Бугарија, иако престојните избори кај нив се отежнувачка околност за прогресот на билатералните односи.

„Остануваме посветени на деескалација на вжештената ситуација која се огледа во непропорционалните реакции за еден изолиран случај за кој државата веднаш презеде мерки за расчистување. Важно е да не дозволиме провокации од двете страни и провокаторите да го киднапираат процесот и одведат во насока која не е од интерес на двете држави, туку на трети актери со кои немаме ништо заедничко“ рече Османи.

Тој  рече дека односите со Албанија се зацврстија додека заедно го чекавме почетокот на преговорите со ЕУ и повика Косово и Србија да го искористат фокусот на меѓународната заедница и да постигнат сеопфатно решение што ќе ја гарантира стабилнoста на регионот и ќе ги забрза европските интеграции.

Бујар Османи дводневна годишна конференција „Година на нови можности“ Евроинтеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.