Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Кога ќе ги објавиме уставните амандмани пропагандата ќе се сруши како кула од карти

0
By Соња Крамарска on May 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема отстапување од тоа што е зацртано во преговарачката рамка, односно со комплетирање на уставните измени да се почне отворањето на првото поглавје, вели шефот на димпломатијaта Бујар Османи.

Тој од Њујорк, каде треба да се обрати пред Советот за безбедност на ОН и да ги презентира приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, одржа брифинг со новинарите преку видео врска, на кој рече дека имал сериозни разговори во Брисел за следните чекори, внатрешните динамики и нашите домашни задачи во процесот на евроинтеграцијата.

На новинарско прашање дали има разговори со пратеници, која е динамиката за уставните измени и кога очекува да почне собраниската процедура, Османи потсети дека веќе започна да работи работната група за формулирање на уставните амандмани и очекува тоа да оди лесно затоа што е дефинирано во протоколот точно како и каде е таа интервенција и што треба да се направи.

„Во моментот откако ќе бидат формулирани амандманите мислам дека веднаш треба да почне јавната дебата“, рече тој.

„Штом се вратиме од Вашингтон мислам дека комисијата веќе ќе излезе со одредени формулации и тука формално почнува јавната дебата по конкретните амандмани на Уставот“, нагласува Османи.

Според него, тоа ќе биде и најсуштинскиот дел од дебатата бидејќи граѓаните ќе сфатат кога ќе ги прочитаат амандманите дека сето друго претходно што било кажано било дел од една партиско-политичка пропаганда, обид да се внесе страв кај граѓаните, да се поларизира општеството, да се ловат политички поени на тој страв.

Прашан дали во предвидениот рок до ноември ќе биде завршен процесот на уставни амандмани со оглед на противењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Османи рече дека најсуштинскиот дел во однос на овој процес ќе биде „изложувањето на вистината пред граѓаните“.

Османи додаде дека вистината ќе биде изложена кога граѓаните ќе ги прочитаат формулациите и тогаш сите кули од пропагандни карти ќе се срушат и ќе се соголи процесот пред граѓаните и тие ќе видат дека нема ништо контроверзно во тој процес.

„Мислам дека тоа ќе биде пресвртниот момент во целиот јавен дискурс, којшто потоа ќе наметне нова динамика и во политиката, и кај пратениците и кај политичките партии“, рече тој на брифингот.

„Доколку опозицијата повторно гледа само партиска калкулација на сметка на иднината на државата, на граѓаните, само интересот за столчиња во Владата, тогаш тие ќе треба да дадат некои одговори на граѓаните“, наведе Османи.

Во однос на разговорите со пратениците, шефот на дипломатијата вели дека дебатата меѓу нив засега се одвива на неформално ниво, а формално ќе започне по објавувањето на формулираните амандмани, по што вели, ако треба ќе се седне и индивидуално со секој од нив да се разговара и со политичките партии посебно за да посочат што е проблемот во конкретните формулации.

„Сепак, пратениците не треба да бидат на пишувани говори од партијата, секој си има свој став, ако е „против“ треба да каже зошто е „против“, што мисли дека е алтернатива“, порача тој.

С.К.

 

брифинг Бујар Османи Њујорк уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.