Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: На 17 јули Хан доаѓа во Скопје, почнува скрининг процесот

0
By Нова ТВ on June 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По децении чекање, веќе имаме датум за почеток за преговори со Европската унија. На 17 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје и тогаш формално и ќе го започнеме скринингот, што е предуслов за отворање на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју од Брисел за емисијата „Топ тема на ваша страна“ на ТВ „Телма“.

– Ова е голем настан и историска одлука. Самиот извештај на Европската комисија покажа дека Македонија, ако се прави споредба со Црна Гора и со Србија или е напред или заедно во делот на хармонизацијата на законодавството. Ние и досега, иако не сме имале преговарачки процес, во внатрешна симулација работевме како да имавме преговори, рече Османи.

Посочи дека првиот дел на скриниг процесот е објаснувачки скрининг, во кој Република Македонија ги слуша позициите на Еврокомисијата, во однос на тоа што треба ние да правиме во преговарачкиот процес, за потоа да се вратиме назад и направиме пресек до каде сме во моментот.

Османи оцени дека скринигот најверојатно ќе трае неколку недели, а можеби и неколку месеци, бидејќи сите работни групи од сите министерства прво треба да одат во Брисел да слушнат прецизно во детали што треба да се направи, по што ќе се направи пресек каде сме во моментот.

На прашањето дали администрацијата е подготвена да го понесе товарот на преговорите, Османи рече дека преговорите се скапа и сложена операција низ која поминале сите држави, но оти Македонија не влегува без искуство во овој процес.

– Едно позитивно нешто од фактот што долго време чекавме почеток на преговори, е што создадовме големо искуство како администрација во овој процес на чекање. Тоа што сега ќе се случи е ревитализација на сите структури и враќање на ентуизијазмот, рече Османи.

Посочи дека СЕП ќе носител на преговарачкиот процес, и оттука е јасно кој ќе биде шеф на преговарачкиот тим.

Во врска со фактот дека македонската мисија во Брисел брои само 11 членови и оти процесот на преговори ќе биде скап, Османи најави дека по доаѓањето во Скопје ќе разговара со министерот за финансии да му објасни кои се потребите за оваа сложена операција.

Османи смета дека ќе има референдумско „да“, бидејќи, според него, граѓаните знаат дека на тој ден ќе ја определат иднината на оваа држава.

– Тој ентузијазам се гледа во сите нас. Ние сме веќе сме на на маса до најсилните во ЕУ и НАТО. Граѓаните ќе се определат дека сакаат да бидат на масата, а не на менито, оцени вицепремиерот за европски прашања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.