Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи-Нуртлеу: Северна Македонија и Казахстан имаат одлична билатерaлна соработка, вклучително и во ОБСЕ

0
By Ана Василевска on August 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Османи-Нуртлеу
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централна Азија и Казахстан се соочуваат со повеќе безбедносни предизвици. Ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ продолжува да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата со неговиот колега од Казахстан, Мурат Нуртлеу што денеска се одржа во Астана по нивната заедничка средба.

-И покрај предизвиците со коишто се соочува ОБСЕ, особено поради руската воена агресија во Украина, која има огромно влијание врз нашата колективна, човечка и економска безбедност, ОБСЕ ќе продолжи координирано да работи и да нуди решенија што ќе значат поголема сигурност за луѓето од поширокиот регион на Централна Азија“, изјави Османи.

Како што соопшти МНР, покрај за справување со предизвиците, претседавачот Османи истакна дека програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана дава поддршка на Казахстан и за спроведување на реформската агенда во земјата.

-Соработката меѓу Казахстан и ОБСЕ покажува многу добри резултати на терен. На пример, нашиот заеднички тригодишен проект за поддршка на реформите во правосудството резултира со  градење на капацитетите во соработка со Врховниот суд, владините тела и националните институции за човекови права. За споменување се исто така проектите за еко пристаништа, борба против сајбер криминалот и други, што говори за опипливите придобивки за луѓето што произлегуваат од заедничката работа на Канцеларијата на ОБСЕ и институциите, истакна Османи.

Покрај соработката на ОБСЕ со Казахстан, Османи на прес-конференцијата со Нуртлеу истакна дека и Северна Македонија и Казахстан имаат одлични билатерални односи во сите сфери од заеднички интерес – политички, економски, трговски и културни и очекува дека тие ќе продолжат да се продлабочуваат.

Османи исто така изрази и благодарност до властите во Казахстан за поддршката на приоритетите на Северна Македонија во рамки на претседавањето со ОБСЕ

Казахстан Османи-Нуртлеу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.