Почна состанокот на шефот на дипломатиите на Македонија и Бугарија, кој се одржува во Скопје. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на состанокот практично долета од САД каде што изминатите два дена ја предводеше македонската делегација на македонско-американскиот стратешки дијалог.
Министерката Теодора Генчовска ќе биде во Македонија денес и утре. Во известувањето за нејзината посета не се соопштуваат посебни детали освен дека е тоа работна посета на покана на македонскиот колега Бујар Османи и дека средбата ќе биде во насока на продолжување на дијалогот за отворените билатерални прашања поврзани со имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Бугарски медиуми велат дека Генчовска ќе ја посети и Битола каде што утрово беше опожарена влезната врата на културно-информативниот центар „Иван Михаилов“.