Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Работиме на сите можни фронтови за побрзо да почнеме преговори

0
By Ivana on September 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска по средбата со неговиот дански колега Јепе Кофод изјави дека иако политичката ситуација во Бугарија е доста комплексна, со оглед дека таму ќе има трет изборен циклус, земјава ќе продолжи да работи и со Софија и со европските партнери, со цел побрзо почнување преговори за членство во ЕУ

– Јас сум оптимист по природа, но од искуството од претходните месеци ќе биде сигурно не така лесно да се стигне до решение. Но, ние ќе продолжиме да работиме и со Република Бугарија, меѓутоа и со европските партнери. Присуството на министерот овде, неговите силни зборови на поддршка, неговата констатација дека земјата заслужува почеток на преговори, дека треба да ги почне преговорите е навистина силна порака која што одекнува секаде низ ЕУ, а верувам дека и во Република Бугарија бидејќи не е прашање само на тоа дали Република Северна Македонија ќе ја одржи првата конференција оваа година, туку која е перспективата на регионот по однос на Унијата и кој е кредибилитетот на целиот овој процес, рече Османи.

Според него, пораките што вчера ги упати шефот на грчката дипломатија Никос Денсиас, и денеска министерот на Данска, Кофод, се силни пораки коишто охрабруваат и даваат оптимизам дека земјава е на вистинскиот пат.

– Тоа се навистина силни пораки коишто ме охрабруваат мене, ми даваат повеќе оптимизам, но е најважно ги охрабруваат граѓаните дека оваа земја е на прав пат, оваа земја е подготвена, оваа земја има перспектива и не е прашање дали ќе ги започне преговорите и дали ќе стане членка на ЕУ, туку кога тоа ќе се случи и на тоа работиме на сите можни фронтови за да биде што побрзо, истакна Османи.

Претходно, данскиот министер Кофод, кој се наоѓа во прва посета на земјава, на прес-конференцијата со Османи рече дека Северна Македонија е подготвена да почне со преговори за членство во Европската Унија и оти Данска ќе се залага за тоа. Изрази надеж оти преговорите ќе почнат што е можно побрзо и рече дека Данска цврсто стои зад Северна Македонија, а исто така и дава силна поддршка за реформите што земјава ги презема во изминативе години, но и претходно.

Кофод Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.