Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Сега кога влегуваме во друг сојуз не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото

0
By Нова ТВ on January 10, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати. Во интервјуто за Радио Слободна Европа наведува дека сега кога влегуваме во друг сојуз со други држави и во НАТО и во ЕУ, со Бугарија, со Грција, со Албанија, не може со истите очила да го гледате светот.

-За мене проблемот е тоа што е дефинирано во Договорот за добрососедство. Секое излегување од договорот го прави проблемот конфузен, неразбирлив и од тука и констатацијата на премиерот, очигледно чувството е дека се излегува од потпишаната рамка и тоа создава конфузија бидејќи не е во рамката. Само рамката го објаснува погледот и затоа сметам дека единствено решение, единствена формула е да се вратиме на начелото на договорот, но да најдеме механизми како да го направиме побрз, подинамичен за да создаде резултат, вели Османи во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него спорното е што се излегува од рамката.

-Спорни се разликите во очекувањата. Прво во однос на договорот, разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата. И мислам дека тука договорот можеби не ги има прецизно дефинирано, бидејќи договорот не предвидува временска динамика, ниту договорот предвидува одредени бенчмаркови кои треба да се реализираат во одреден период. Тука е оставено на добра волја на двете држави да ги надминат разликите и да најдат заеднички точки како заедно во еден нов сојуз, како што се НАТО и ЕУ. Е тука во овие непрецизно дефинирани прашања секој има различни очекувања и тие очекувања очигледно кај луѓето, кај државите создаваат немир и анксиозност, бидејќи секој сака да има предвидливост во процесот. Кога нема предвидливост, тогаш секој излегува со своја агенда, тогаш и предизборниот период ги влошува тие состојби и затоа сметам дека се враќаме на договорот, создаваме предвидливост во имплементацијата и тука мислам дека ќе се расчистат дилемите по однос на тоа кој, што очекува, наведува министерот за надворешни работи.

Истакнува дека е погрешно доколку која било од државите се обидува да земе само делови од договорот или од договорите, тоа што им одговара. -Ниту Бугарија може да извлече од „Преспа“, тоа што и одговара и да одбие тоа што не и одговара, ниту Република Северна Македонија од Договорот за добрососедство може нешто да имплементира, нешто да не имплементира, истакнува Османи.

Во интервјуто додава дека мора да се почитуваат договорите такви какви што сè, а тоа е обврска и за нас во случајот на Договорот за добрососедство. -И тука предвидливост значи тој патоказ за кој што зборувам и во смисла на забрзување на инфраструктурните проекти, на економската, културната, но и во забрзување на работата на Комисијата за историски прашања, меѓутоа не да се случи девијација на целта на комисијата. Целта на Комисијата е да ги разреши историските дилеми во контекст на образованието, во контекст на надминување на стереотипите на Балканот во учебниците кои што ги гледаат народите како пријателски настроени и така ги учиме децата дека тука народите се непријатели и така тие треба после да го градат својот поглед кон соседот, но не историјата како прашање на идентитетот на народите, бидејќи прашањето на идентитетот произлегува од правото на самоопределување на државите и не е прашање на спор и мислам дека тука е клучната разлика. Тоа разграничување ќе се прави и мислам дека тогаш луѓето полесно ќе гледаат и на Комисијата и овде кај нас, помалку емоционално ќе ја сфатат улогата на комисијата. А јас мислам дека тоа е проблемот – емоциите. Каде што има емоции, нема рационалност. Нам сега ни е потребен рационален пристап, раздвојување на историјата како образовно прашање, версус историјата како идентитетски спор, вели Османи.

Додава дека погледите на општеството кон историјата се градат низ историјата и оти нашите погледи овде се изградени во еден претходен систем, во еден претходен сојуз и тие погледи биле и антибугарски и антиалбански и антигрчки, затоа што тој поглед бил под плаштот на тогашниот државен интерес, на еден тогашен сојуз. – Сега, потенцира,  кога влегуваме во друг сојуз со други држави и во НАТО и во ЕУ, со Бугарија, со Грција, со Албанија, не можете со истите очила да го гледате светот. Но, јас велам не да се наметне нов наратив да го замени тој претходниот, туку да се прекрши, да се отворат ограничувањата, рецидивите останати, наследени од историјата, коишто се создадени под еден друг плашт на државен интерес, туку првпат на погледот кон соседите, кон историјата да се создаде во Скопје, овде, од граѓаните на Република Северна Македонија – Македонци, Албанци, Турци и сите други. Така ќе се отвори и ќе биде симетричен кон сите, во тој поглед мислам дека е и интервјуто на господинот Заев, помага во кршењето на општествената рамка за тоа како се гледа соседот и како се гледа историјата. Јас мислам дека треба да се скрши тој светоглед.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.