Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Стратешкиот дијалог со САД не е замена туку е комплементарен со процесот на ЕУ-интеграциите, не очекуваме ново вето од Бугарија

0
By Ана Василевска on February 7, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратешкиот дијалог со САД не е алтернатива, туку е комплементарен на процесот на ЕУ-интеграција. Не очекуваме ново вето од Бугарија, одговори шефот на дипломатијата Бујар Осман на заедничката прес-конфренција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски посветена на увоениот план на активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

„Точно е дека стратешкиот  дијалог беше инициран од наша страна тогаш кога беше неизвесно дали ќе почнат преговорите. Бидејќи сметавме дека ни треба еден таков процес во којшто ќе се следат сите аспекти од развојот на општеството – антикорупциска политика, владеење на право, тие поглавја коишто ги има во ЕУ. И така почна оваа идеја, кога го нема тој механизам да го имаме овој механизам. За среќа успеавме да ги имаме двата механизми, односно да имаме две раце коишто не туркаат во прогрес и кон ЕУ, така што не е алтернатива, туку е комплементарно на процесот на ЕУ-интеграција. Значи, антикорупциската политика, владеење на правото, сите тие механизми што ги имаат САД, таа поддршка што ќе ја даде на  судството ќе ни помогне побрзо да ги постигнеме критериумите за членство во ЕУ. Така што, буквално се две раце коишто ќе ја држат земјата да биде во континуиран развој. Не предвидувам никакво вето. Патот на Северна Македонија е влезен во неповратна фаза кон членство во ЕУ, нема да биде лесен, ќе има многу предизвици, ќе има многу веројатно вакви ескалации меѓутоа тоа се само амплитуди по патот, правецот нема да биде сменет дефинитивно“, рече Османи на новинарско прашање.

Во однос на впечатокот дека кога односите со Бугарија се на многу ниско повторно се интензивира дијалог со САД, Османи рече дека има континуитет во однос на стратешкиот дијалог, а по дефинирање на темите со овој дијалог, се формираше работна група која заедно со американската администрација создаде конкретни проекти во краткорочни, среднорочни и долгорочни рамки.

„Во моментот кога созреаја условите сите проекти да бидат прифатени од страна на сите институции, да бидат прифатени од американската страна поминаа на Влада и веќе ја информираме јавноста дека навистина влегуваме во едно ново поглавје во односи со САД кога рамката од 2008 за стратешко партнерство преминува во акциски план, станува жив инструмент којшто ќе ги продлабочи односите и сигурно ќе донесе повеќе стабилност, повеќе развој, повеќе економија и културна размена помеѓу нашите две држави“, рече Османи.

Бујар Османи ЕУ интеграции САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.