Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Зеф: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции

0
By Нова ТВ on May 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија и Албанија во март лани добија зелено светло за  почеток на преговорите и двете земји заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите без никакво одложување, порачаа  на заедничката прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зеф Мази, главен преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ.

-Претстојните летни самити на ЕУ претставуваат неповторлива шанса со  тоа што ЕУ на дело ќе ја покаже кредибилноста на процесот на проширување и со тоа ќе ја зачува европската идеја како главен мотор на позитивни промени во регионот, вели Османи.

Мази, изрази очекување дека процесот на проширувањето мора да продолжи и дека и двете земји во јуни ќе добијат датум за првите меѓувладини конференции.

-Ние се надеваме силно дека ЕУ ќе најде сили процесот на проширување да продолжи. Ние, Албанија и Северна Македонија нема да заминеме со празни раце на 22 јуни годинава кога е последниот состанок на Советот на општи работи под претседателство на Португалија. Првата Меѓувладина конференција се надеваме дека треба да се одржи ова полугодие и да не се доведе во прашање основната вредност за заслугите. ЕУ ги цени заслугите на секој кандидат. Албанија ги исполни сите барања, процесот на рерофми продолжува. Се надеваме дека нема да се закочи процесот на интеграција на нашите две земји, рече Мази.

Османи и Мази на средбата размениле искуства по однос на преговарачката структура, како и улогата на институциите, особено на Министерството за надворешни работи во целокупниот процес, а било дискутирано и за можноста од разни форми на заедничка соработка во форма на обуки за јакнење на административните капацитети при справување со предизвиците на улогата и задачите од преговарачкиот процес.

-Новата методологија предвидува посилно политичко водење на самиот процес на преговори, поголема улога на самите земји – членки во надзорот и оценувањето на преговарачкиот процес, со што и улогата на нашата Дипломатска мрежа во престолнините на ЕУ добива дополнително значење и одговорност за успешно водење на преговорите. Како клучни точки на комуникација со институциите на ЕУ се секако мисиите во Брисел на земјите кои преговараат, и тие мора да добијат сериозно дипломатско засилување; но посебна улога добиваат и сите останати амбасади во земјите – членки на ЕУ, кои треба да воспостават ефикасен проток на информации за напредокот на земјата, и најважно систем на рано предупредување, со цел правилно информирање и на Владата, на самата преговарачка структура за оценката и насоките кои доаѓаат од европските главни градови, истакна Османи.

Министерот Османи  го запозна соговорникот за статусот на реформските постигнувања, како и за актуелните состојби со соседите. Притоа, Османи информирал за обновениот и зајакнат фокус во испорачувањето резултати од областа на владеењето на правото и борба против корупција.

Главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ, Зеф Мази на агендата денеска има и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претходно, Мази беше примен од претседателот на државата Стево Пендаровски, со кого размениле мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија и на Албанија со Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.