Француско-канадскиот студент обвинет во врска со нападот во кој беа убиени шест луѓе во џамија во Квебек бил поддржувач на Доналд Трамп и екстремно десната француска политичарка Мари Ле Пен.
Опишан од негов поранешен соученик како „аутсајдер“, Александар Бисонет е единствениот осомничен за случајот. Полицијата соопштила дека тој дејствувал сам.
27 годишниот Бисонет на својот фејсбук профил покажал повеќе интереси и му се допаѓале Доналд Трамп и Мари Ле Пен, пишуваат странските медиуми.
„Мислам дека беше ксенофоб. Не беше целосно расист, но мислам дека беше маѓепсан од националистичките движења“, изјавил неговиот соученик за весникот Глоуб. Тој рекол дека често се расправале за мислењата на Бисонет во врска со бегалците и неговата поддршка за Трамп и Ле Пен.