Зоран Милошески: Зачудувачка е леснотијата со која одредени луѓе се обидуваат да ја потценат интелигенцијата на некои други луѓе … како што тоа често го прави Христијан Мицкоски.
Вчерашната порака која во пресрет на летните одмори македонскиот премиер им ја испрати на македонските граѓани, беше класичен пример за покривање на сопствената неспособност преку релативизирање на проблемот кој засега десетици илјади македонски граѓани.
Парафразирано, Мицкоски вчера ни го кажа следното:
Бидејќи ние како Влада не сме способни да издејствуваме да бидете изземени од биометриската контрола и малтретирање при влезот во Грција и другите земји од ЕУ… како што тоа на своите граѓани им го овозможија, на пример, владите на Србија, Велика Британија … ве повикувам вашите летни годишни одмори да ги помините на нашите планини и езера, во убавите македонски села. Имаме прекрасна земја, уште попрекрасни туристички места, нема потреба да замините од оваа убајна, да одите во странство и таму да ги трошите парите.
Ама бидејќи драгиот ни премиер секогаш се води по девизата „Не гледај што правам, слушај што зборувам“, глупаво би било да се очекува дека нема да ги искористи дипломатскиот пасош и владиното авионче за да, како и многу пати досега, скокни до Сплит, Дубровник, Будва или до некое монденско летувалиште на Егејското и Црното море.
Факт е дека сме народ кој не може да се пофали со просечниот коефициент на интелигенција, ама не се сите во држава со IQ<82 …
Извор: Фејсбук



