Словенечкиот министер за инфраструктура и просторно планирање, Игор Махер денеска поднесе оставка, по само пет дена од именувањето, соопшти неговата партија Граѓанска листа.
Махер беше предложен и избран за министер од страна на Гранѓанската листа, една од четирите коалициски партии во Владата, а по неговата оставка партијата мора да предложи нов кандидат.
За оставката на Махер се шпекулираше во изминативе денови, бидејќи словенечките медиуми објавија податок дека министерот е сопственик на помало земјоделско земјиште во општината Пиран, каде „на црно“ подигнал градба за која тврди дека е вински подрум, над кој се наоѓа мала дрвена куќа.