Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осуда на јазикот на омраза во филмот „Ругање со Христос“

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура се дистанцира од филмот „Ругање со Христос“ и го осудува јазикот на омраза, што тој го поттикнува, рече на денешната прес-конференција, ресорниот министер Асаф Адеми.

– По објавување на трејлерот на филмот во кој војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи, Министерството за култура објаснува за јавноста дека овој филм нема никаква врска со Министерството и актуелниот состав на Министерството, туку е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година, истакна Адеми.

Посочи дека, откако го видел сценариото и разгледал документацијата, врз основа на член 60 од Законот за филмска дејност донел решение за спроведување на инспекциски надзор за утврдување на почитувањето на законската регулатива и другите прописи од областа од Законот за филм.

Лоша вест, според него, е дека со јавни средства се поддржувале проекти кои не се во интерес на граѓаните.

– За жалење е тенденцијата на одредени кругови кои се повикуваат на универзални вредности, а работат на уривање на тоа што за некои е значајно, вредно, дури и свето во Република Македонија. Ова е потврда дека има структури кои Македонија не ја разбираат како поле за културен натпревар меѓу народите, туку како поле за борба на секого против секого, потенцира Адеми.

Тој рече дека Министерството останува посветено на поддржување на култура и културни проекти кои го почитуваат другиот, кои ги разбираат другите и афирмираат универзални културни вредности.

Посочи дека како Министерство ќе градат тесна соработка со актуелните раководители на Агенцијата за филм, за преземање на сите потребни законски чекори со цел овој филм да не му наштети на соживотот на народите во Македонија.

Ги спомна имињата на тие што дале дозвола за филмот и потенцира дека во тој состав нема ниту еден Албанец, што според него, е посебен скандал, бидејќи во вакви скапи проекти кои го тангираат интересот на другите етнички заедници во земјата не се нашол ниту еден Албанец или друг припадник на етничките заедници.

Според директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, ова не треба да се разбере како цензура и кратење на авторските права.

– Филмот треба да се тргне од политичко влијание. Правилникот за филм мора да се почитува, додаде Тозија.

Агенцијата за филм исто така се согласува дека овој филм што е поддржан во 2015 година е  за жал еден во низата филмови за кои не се водело сметка за уметничкиот потенцијал, содржината и воопшто не ги задоволува вредносните критериуми што се воспоставени и пропишани во законската регулатива на институцијата што дава поддршка на  нашата кинематографија.

-За овие состојби Агенцијата за филм неколкупати се произнесе и потенцираше дека новата стратегија ќе оди во насока на тоа да се расчисти со штетни проекти кои нам не ни донесоа никаков успех и не го афирмираа македонскиот филм. Спротивно од тоа, со трендот што го следеле раководните лица на оваа институција во минатото, заглавивме во кинемтографија која била партиски детерминирана и во случаи како овој дури и содржи навредливи компоненти. Како силен визуелен медиум филмот мора пред гледачот јасно да ја манифестира идејата колку и таа да е контрадикторна или пак табуизирана. Во случајот со овој филм освен општата конфузност што се провлекува низ приказната нејасно е дали елементите каде што се вмешува етничкиот контекст и се потенцира конфликтот што се случи во 2001-та е во функција на филмот или пак виси како нејасна порака која заддира во некои и фрагилни теми од нашата блиска историја. И овој филм е дел од скапо платената лекција на производство од 307 филмови а од кои е мал е бројот на тие што доживеаа проекции на големото платно и уште помалку надвор од границите, рече Тозија.

Филмот ,,Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи ја имаше својата светска премиера во Монтреал на 30 август. Неодамна беше објавен трејлерот по што се појавија бројни реакции.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

ВЕСТИ October 8, 2025

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.