Осум лица загинале, во судирите за време на локалните избори кои се одржуваат денеска во Турција. Во провинцијата Хатај и Јувачик, во местото Гелбаси и провинцијата Шанлурфа, меѓусебно се судриле приврзеници на различни кандидати при што загинале осум лица, а најмалку 14 се ранети, јавува CNN,за Турција.
На денешните локални избори гласачите не се изјаснуваат „само“ за градоначалничките функции, туку резултатот ќе влијае и врз политичката иднина на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Затоа изборите се сметаат за тест за расположението кон премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Се‘уште не се знае дали 60-годишниот премиер ќе се кандидира за претседателските избори во август, иако тоја најави дека ќе се повлече од политиката доколку неговата партија не добие на изборите.
Н а прашање денеска ќе одговорат околу 5о милиони турски граѓани со право на глас.
Ова се први избори откако полицијата во јуни минатата година, се судри со демонстрантите при што беа убиени осум луѓе, по што следуваше период на политички хаос.
Турскиот премиер од декември се соочува со корупциски скандар во кој се вмешани луѓе од неговото опкружување, бизнисмени и поличари, а синовите на тројца министри се уапсени во политички рации.
По овие во август следуваат претседателски избори, а следната година се предвидени парламентарни избори.