Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Широка поддршка за С.Македонија во европарламентот

0
By Нова ТВ on March 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годишната дебата во Европскиот парламент за резолуциите за Западен Балкан заврши, се чека гласањето. Дебатата во голема мера се фокусираше на ситуацијата со Македонија и блокадата од Бугарија.

Освен бугарските пратеници центар десно и крајно десните партии кои земаа збор, останатите европратеници денеска побараа што побрзо да отпочнат преговорите со Македонија, која доби зелено светло пред една година, а препорака пред дванаесет години.

Европратеничката Тинеке Стрик, од групата на Зелените, нагласи дека Македонија направи длабоки и често болни реформи за да дојде до ова и потсети дека останува да се направат напори во многу области како правата на жените, на малцинствата, корупцијата и владеењето на правото, и дека земјата покажала волја за соработка со соседите.

-Испраќањето на специјален претставник во Бугарија е знак на добра волја, но за решение е потребна соработка од двете страни, ова не смее да биде пречка за да се исполни ветувањето за почеток на процесот, граѓаните на Македонија чекаа доволно долго, да го докажеме нашиот кредибилитет, изјави Стрике.

Андреа Шидер од групата на Социјалдемократите, исто така оцени дека Скопје заслужува поддршка од целата ЕУ.

-Ми се чини дека блокадата од страна на бугарската влада е погрешен чекор, рече Шидер и побара иднината да не се држи во заложништво во дебатите за минатото.

Неговата колешка од Словенија, Тања Фајон, со поостар тон порача дека ветото на Бугарија е неодговорен чин и дека треба да биде повлечено веднаш. Фајон, заедно со колеги од нејзината партија и од партијата на Зелените се автори на амандман за овој извештај, во кој се оценува дека Бугарија е провокативната страна во овој спор и во кој се повикува Софија на повеќе конструктивност.

Со умерен тон настапи и бугарскиот пратеник од Социјалдемократите, Петар Витанов.

-Не сакам да се конфронтирам со колегите од мојата политичка група, меѓутоа можам да зборувам како Бугарин само, рече Витанов за контроверзните амандмани и додаде дека конфронтацијата ја храни екстремната десница во Бугарија, што ја користи ситуацијата во предизборни цели.

Витанов порача дека ја поддржува Македонија но дека земјата треба да ги почитува добрососедските односи.

-Во дијалогот помеѓу Македонија и Бугарија потребен ни е динамизам, а не динамит, изјави бугарскиот европратеник.

Европратеници од Бугарија, од владејачката партија како и од екстремната десница, Ковачев, Џамбаски и Јорданов, настапија со агресивен тон споредувајќи ја Македонија со Северна Кореја, меѓудругото.

Пратеников Андреј Ковачев од Европската народна партија оцени дека бугарската заедница во Македонија била мнозинство пред комунизмот, додека неговиот колега Јорданов рече дека во Македонија имало геноцид врз Бугарите.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, од своја страна изрази надеж дека сѐ уште е можно тоа да се одржи првата меѓувладина конференција под сегашното португалско претседателство на ЕУ, пред први јули, и инсистираше на потребата од конструктивен дијалог со Бугарија.

-Добрососедските односи се суштински дел од напредокот кон ЕУ, билатералните договори, Преспанскиот со Грција и Договорот со Бугарија треба и натаму да се имплементираат во доверба од сите страни, ги охрабрувам Скопје и Софија да ги удвојат напорите за да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања, ги охрабрувам сите страни да се однесуваат конструктивно и да се воздржат од изјави и акции кои ги поткопуваат пошироките интереси на ЕУ, изјави Вархеји.

Тој оцени дека Македонија има уште многу работа во делот на реформите.

-Одлуката на земјите членки на ЕУ да отворат преговори со Македонија беше историска, и со нетрпение очекуваме да се усвои преговарачката рамка и да се свика првата меѓувладина конференција, се надевам сѐ уште за време на ова претседателство, рече Вархеји.

За крај Вархеји ги повика европратениците да дадат поддршка за процесот на проширување кон целиот регион.

-Повеќе од било кога ЕУ ќе продолжи да стои со нејзините партнери на западен Балкан, иднината на регионот, рече тој, се наоѓа во ЕУ.

Време е за нас да испорачаме, дополни, оваа Комисија е силно посветена да го исполни ова ветување, за ова ни е потребна поддршка од земјите членки и од овој дом, треба да се движиме и да се движиме брзо, повика еврокомесарот за проширување.

Гласањето ќе се одржи доцна попладнево околу шест часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.