Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осврт, Франц Лустиг на ИФФК „Браќа Манаки“: Го сакам вкусот за музика на Вендерс, плачевме позади мониторот на последниот кадар со песната на Нина Симон

0
By Ана Василевска on September 28, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Франц Лустиг, кинематографер на „Совршени денови“ во Битрола на ИФФК „Браќа Манаки“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ана Василевска

„Совршени денови“ е извесен камбек на Вендерсовиот познат опус на он д роуд филмови со внимателно избрани музики теми што „ве возат“ долго и ги меморирате во главата по изгледаните сцени.

Новиот филм на филмскиот урбан маг, режисерот Вим Вендерс, насловен „Совршени денови“ беше дел од програмата на ИФФК „Браќа Манаки“, а фантастичниот кинематографер Франц Лустиг како гостин во Битола беше отворен за прашања од новинарите и за непосредна комуникација. Секако дека за Вендерс, кој е еден од култните режисери што има оставено неизбришлива трага во модерната филмска историја и претставува синеастички детерминатор на многу генерации на филмски сладокусци, има океан од прашања, но Лустиг се обиде да ни приближи барем мал дел од сензибилитетот на Вендерс и да и открие дел од неговата умешна кинематограферска магија.

„Совршени денови“ е извесен камбек на Вендерсовиот познат опус на он д роуд филмови со внимателно избрани музики теми што „ве возат“ долго и ги меморирате во главата по изгледаните сцени. Токму тој спој на музиката со фотографијата според Лустиг ја предизвикува најсилната емоција во филмовите.

Во „Совршени денови“ станува збор за  Хирајама, (го игра впечатлиовиот актер Коџи Јакушо), средовечен човек вработен како чистач на тоалети, кој спокојно вози од работа до работа во своето комбе, слушајќи класичен рок и поп на аудио касети од старата школа: Пети Смит, Кинкс и секако, Лу Рид. На пауза за ручек чита и фотографира дрвја и се радува на секоја секунда од животот.

Но, кој е Хирајама? Неговиот мал и аскетски стан е исполнет со книги, музички касети и кутии со неговите фотографии: тој е очигледно многу интелигентен и културен човек кој можеби некогаш уживал голем општествен статус и го избрал ова аскетско постоење од некои лични причини.

Филмот изобилува со амбиентален урбан шарм кој извира од чудовишниот мегалополис Токио, и интровертна атмосфера која отвора и не води до климаксот и катарзата на филмот на самиот крај.

Токму на крајот познатата музичката тема од Нина Симон „Се чувствувам добро“  сраснува со изразот  на протагонистот. За оваа сцена Лустиг раскажа дека додека ја слушале со Вендерс и го гледале снимениот материјал, и самите се расплакале.

Голем дел од песните во филмот биде додадени отпосле бидејќи бил сложен и тежок процесот со добивање на авторските права.

Што се однесува до тоа на кој начин тој успевал да ги снима дијалозите на јазик на кој не го разбира Лустиг вели „Вим има долга историја во работа со Јапонците, сепак за мане беше авантура, целата екипа зборува јапонски, така што јас комуницирав преку погледот со главниот лик, и мислам дека излезе одлично“.

Од искуството на работа со Вендерс, тој вели дека секогаш имаат тенденција да  сликаа на градовите, такви какви што се.

Франц Лустиг, кинематографер на „Совршени денови“ во Битрола на ИФФК „Браќа Манаки“

„Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани“, рече Лустиг.

За „Совршени денови“ неговиот избор бил да работи со камера од рака за да постигне флуид со актерите.

„Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот меѓу актерите и кинематограферот бидејќи треба да гледам на монитор. Со камерата од рака светлината некако се впива во кадарот и тоа може да се види на филмот.“, рече Лустиг.

Од 1994 година Франц работи како директор на фотографија за реклами и музички видеа со некои од водечките режисери ширум светот, како Сем Браун, Гери Фридман, Сајмон МекКуид, Стјуарт Мекинтајр, Џонс и Тино, Мартин Амунд, Томас Јонсгарден, Начо Гајан, Даниел Клајнман, Ринган Ледвиџ, Тарсем и Ралф Шмерберг.

Соработува со режисерот Вим Вендерс на три долгометражни филмови: „Земја на изобилството“, за кој ја освои наградата „Најдобра камера“ на Германските филмски награди; „Не доаѓај чукајќи“, за кој го заслужи признанието „Најдобар европски кинематографер“ во 2005 година; и „Пукање во Палермо“ од 2007 година.

„Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани“, рече Лустиг.

Неговата документарна работа е исто така важен сегмент во кариерата за него и ги вклучува филмот „2 или 3 работи што ги знам за него“ на Малте Лудин за животот и смртта на нацистичкиот татко на Лудин и документарниот филм „Танц за сите“ од 2008 година. Во 2012 година, Франц ја доби наградата Мобиус за „Најдобар кинематографер“.

 

 

 

 

 

Битола Вим Вендерс ИФФК Браќа Манаки 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.