Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОТА следела 153 комуникации по барање на СЈО и БЈБ

0
By Соња Петрушевска on January 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата Оперативно техничката агенција – ОТА во која се пренесени уредите за прислушување мината година следела 153 комуникации, пишува во Извештајот што го поднесе директорот на ОТА до Комисијата за  надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите.

Во ОТА пристигнале 5 барања за следење на комуникациите од  одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ при МВР, а 8 барања од СЈО.

Во Извештајот нема повеќе детали за случаите во кои ОТА ги следела комуникациите.

ОТА беше формирана во ноември минатата година како независна агенција која го изведува техничкиот дел на следење на комуникациите, а снимените комуникации треба да ги предаде на органот кој го барал тоа – Обвинителство, Царина, УБК, СЈО.

Во периодот од два месеци, ОТА потрошила околу 15 илјади евра – за плати и надоместоци, комунални услуги, за набавка на инвентар и поправки.

Од формирањето, ОТА работи без експертска и граѓанска контрола. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска рече во Законот за формирање на ОТА не се предвидени пари за експертите кои треба да ги ангажира Комисијата кога ќе оди во контрола на работата на ОТА.

„Нека си направат измена на Законот јас немам законска основа да давам пари затоа што во Законот не е предвидена таква ставка. Ако дадам пари ќе го прекршам Законот со ненаменско трошење на пари. Утре јас ќе одговорам“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието

Претседателот на Комисијата за надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите Емил Димитриев уште во ноември испратил писмо до Џафери со кое бара Собранието да обезбеди буџет и да почне постапката за ангажирање на експерти.

„Во ноември доставив писмо до Џафери дека е неопходно Собранието да помогне во делот на обезбедување буџет и спроведување на постапката за огласување за избор на експерти, бидејќи Комисијата нема ресурси тоа да го направи“, кажа Димитриев минатата недела.

Според Димитриев комисијата треба да ангажира експерти од дигиталната форензика, телекомуникации и веројатно експерт од областа на правото, затоа што членовите на Комисијата не се стручни за овие области. Планот е да се ангажираат 12 експерти, а по двајца од нив да ја посетуваат Агенцијата во шестте годишни контроли. Годишно, за експертите се планира буџет од 20 000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.