Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отфрлени сите аргументи на одбраната во случајот „Телеком“

0
By Нова ТВ on February 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јужниот окружен суд во Њујорк во целост го одби барањето на адвокатите на тројцата поранешни менаџери на Маѓар Телеком и Дојче Телеком, кои побараа да се отфрлат обвиненијата против нивните клиенти за потплатување на високи македонски и црногорски функционери.

Судијата Ричард Саливан во петокот ги разгледа барањето на одбраната и аргументите на Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ), која настапува како тужител, и во целост реши во полза на тужителот, закажувајќи го следното рочиште во големиот корупциски спор за 3 април.

Спорот се води против Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи, поранешни директори во Маѓар Телеком, и е втор процес поврзан со овој случај, по процесот кој СЕЦ успешно го водеше против нивните компании, и кој заврши со исплата на отштета од 95 милиони долари.

Одбраната на тројцата поранешни менаџери се обидуваше пред судот во Њујорк да докаже дека тие со своите постапки не предизвикале штета во САД, дека учеството во судски спор во Њујорк е сериозен трошок и напор за нивните клиенти кои живеат во странство и дека судот во Њујорк воопшто нема надлежност во овој спор.

Судијата Саливан ги отфрли сите oвие барања, аргументирајќи ги со преседани во американското судство, кои дозволуваат гонење на лица од странски компании кои корумпираат политичари на трети држави, доколку овие компании котираат на берзата во САД. Одбраната на Штрауб, Балог и Морваи сите аргументи ги насочила кон отфрлање на македонскиот дел од обвинувањата, додека не вложи сериозен обид да ги оправда своите клиенти од обвинувањата дека исплаќале мито за Маѓар Телеком и Дојче Телеком да успеат да го купат црногорскиот Телеком.

Во делот за Македонија, Штрауб, Балог и Морваи се обвинети дека, преку договори за наводни консултантски и маркетинг услуги, префрлиле пари кон компании поврзани со високи функционери на македонската Влада. Во замена за тоа, Владата го одложувала носењето на одлуката за воведување на нов, трет мобилен оператор, и со тоа ги држела цените на телекомуникациските услуги во Македонија вештачки високи и им обезбедувала дополнителен профит на Маѓар и Дојче Телеком како сопственици на Македонски Телекомуникации.

Корумпираните политичари се наведени како висок или високи функционери на најголемата владејачка партија во 2005 година, и на најголемата владејачка партија на малцинската заедница во истиот период, за кои дополнително се наведува дека имале високи позиции во регулаторните агенции на телекомуникацискиот сектор и имале директно овластување врз распишувањето на тендер за трет мобилен оператор. Како поткуп да не биде распишан тендерот биле понудени околу 10 милиони долари, исплатени преку Грк – посредник.

Криминалот во Маѓар Телеком бил откриен од страна на ревизорот “Прајсвотерхаус Куперс”, а поткрепен со извештај подготвен од ревизорската компанија “Вајт и Кејс”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.