Руската државна нафтена компанија Роснефт соопшти дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и бизнисменот Матијас Варниг информирале дека не можат да продолжат да служат во одборот на директори.
Тоа доаѓа откако Европскиот парламент побара Шредер да биде на црната листа доколку не се повлече од управниот одбор на Роснефт, пренесува Ројтерс.
Во соопштението, Роснефт рече дека има разбирање за одлуката на Шредер и Варниг и им се заблагодари за нивната „постојана поддршка“.
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер од руската државна компанија Роснефт примаше годишна плата од 600.000 долари.