Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откриен споменикот на Гоце Арнаудов

0
By Нова ТВ on August 19, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На свечена церемонија во организација на општина Струмица, синоќа во малиот градски парк беше откриен споменикот на фолк ѕвездата, Гоце Арнаудов. На церемонијата, достојна за легендата на македонската народна музика, присуствуваа градоначалникот Зоран Заев и членови на Советот на општина Струмица, семејството Арнаудови, естрадни уметници, пријатели и почитувачи на неговите песни. Споменикот го открија градоначалникот Заев, авторот на споменикот Митко Тошев и Горан Кукиќ претседател на здружението на струмичката естрада.

„Гоце Арнаудов е човекот кој од мали нозе па се до неговото прерано заминување од овој свет, испиша многу успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија“, рече градоначалникот Зоран Заев и додаде:

– Ѕвездениот град Струмица имаше своја ѕвезда на земјата која стана ѕвезда на небото. Таа Струмица беше негов дом. Од тука заминуваше по другите градови и земји, низ сите светски меридијани, и повторно се враќаше на местото каде што си тежи каменот. Таа негова и наша Струмица ја опеа и во песна, покажувајќи ја љубовта кон неа. Поради сето тоа, таа иста Струмица во предвечерието на неговиот роденден му подигнува споменик кој ќе го краси овој простор во малиот градски парк, во непосредна близина на неговиот дом. Општина Струмица со тоа му вели ,,Благодарам‘‘ и додава еден плус во бесмртноста, за која тој се избори. На Гоце Арнаудов не му е потребен споменик. Тој својот споменик го подигна со испеаните песни. Споменикот ни е потребен нам за да ни биде сведоштво за почитта која ја имаме кон човекот кој ја прославил Струмица надалеку, за да биде гордост на неговите современици и на генерациите кои доаѓаат по нас. Нека ни е вечен споменот за Гоце како што се вечни неговите песни.

Од името на семејството Арнаудови, се заблагодари ќерката Харита.

-Што да кажам освен ти благодарам Македонијо, ти благодарам Струмицо. Ти благодарам што на ваков начин му се оддолживте и со ова ремек дело тој ќе продолжи да живее со нас струмичани, ние ќе продолжиме да живееме со неговата песна и ќе ја пренесуваме на идните генерации. Тој не задолжи на тоа, рече Харита Арнаудова.

Спoменикот на Арнаудов е дело на академскиот ликовен уметник, Митко Тошев.

-Овој паметник со неговиот лик е незаборав и симбол на нашата благодарност и почит кон човекот кој со својата песна допре до срцата и душите на сите нас. Како што песните на Гоце се вечни, така и ова дело е вечно и траен спомен за едно убаво поминато време. Ми беше особена чест што јас ја имав таа можност да го изработам овој споменик, рече Тошев.

Споменикот на Гоце Арнаудов го подигна општина Струмица, која за оваа намена од буџетот издвои 1.700.000 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.