Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откриена мистеријата – „Адидас“ кампања за СП 2014?

0
By Нова ТВ on October 28, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почна од Рио де Жанеиро на 20 октомври месецов, потоа се појави во Лондон, па се пресели во Њујорк. Мистериозниот знак во саботата се појави и во Германија. Единаесет луѓе облечени во иста, црна, мистериозна облека присуствуваа на Алианц Арена во Минхен, на последниот натпревар на европскиот шампион Баерн Минхен против Херта од Берлин. За време на натпреварот, сите 11 се забележани како прават синхронизирани гестови за време на мечот, кој Баерн го доби со резултат 3-2.

Според светските медиуми, мистериозниот симбол во Рио де Жанеиро, Лондон и Њујорк, и луѓето кои присуствуваа на натпреварите на Алианц Арена во Минхен, на Стемфорд Бриџ во Лондон, и на Јувентус стадионот во Торино, се дел од новата маркетинг кампања на „Адидас“ пред претстојното Светско Првенство во Бразил.

Сместени на само шест реда оддалечени од теренот, во средината на трибините, мистериозните луѓе предизвикаа различни реакци кај ТВ гледачите и присутните.

Еден од фановите, Торстен Шмит изјави: „Многу беше чудно, седеа мирно долго време и одеднаш ќе се фатеа за раце, ќе направат по некој гест и пак ќе седнат. Сите околу мене беа збунети. Некои се смееја, некои беа вчудоневидени. Беше многу чудно“.

Симболот од нивната облека е виден на неколку локации ширум светот, почнувајќи со холограм во Рио де Жанеиро. Пораката со секој симбол гласи: #WINNERTAKESEARTH („Победникот ја освојува Земјата“).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.