На денешната средба на првите луѓе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија било разговарано за барањето на лозаропроизводителите за повисоки откупни цени на винското грозје во однос на ланската сезона, посебно за сортите смедеревка и вранец, соопштуваат од ресорното министерство.
Според претставниците на винскиот сектор прифатливо е барањето на лозаропроизводителите за дефинирање на откупната цена согласно шеќерните единици на секоја сорта винско грозје.
Во контекст, на откупната цена, од претставниците на винскиот сектор била изразена подготвеност откупната цена за смедеревката со 17 шеќерни единици да изнесува 11 денари, а за вранецот со 19 шеќерни единици да изнесува 13 денари, со можност за прогресија на цената согласно шеќерните единици.
Државниот пазарен инспекторат, од оваа недела до крајот на откупната сезона ќе бидат присутни на откупните пунктови за винско грозје, соопштуваат од Министерството за земјоделство.