Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен Архус Центар – наоѓање и споделување информации за животната средина

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска почна да работи орвиот Архус Центар, чија цел е да ја подигне свеста кај населението за животна средина преку ширење информации и да го следи спроведувањето на Конвенцијата од страна на државните органи.

Архус Центарот (АЦ) во земјата го воспоставува Милиеуконтакт Македонија како дел од проектот “Градење на капацитетите на граѓанските организации за животна средина за зголемување на демократските процеси во Македонија”, финансиран од ЕУ од мерката за хоризонтално зајакнување на капацитетите.

Маја Марковска, извршен директор на Милиеуконтакт Македонија истакна дека работата на Архус Центарот ќе биде заснована врз Конвенцијата на Економската Комисија на ОН за Европа (UNECE) околу пристапот до информации, учеството на јавноста во одлучувањето и пристапот до правда за прашања поврзани со животната средина (Архуска Конвенција) од 1998 година. Предвидено е Центарот да работи на сите три столбови и да помогне да се зголемат капацитетите на локалните чинители како на централно, така и на локално ниво.

– Мрежата на здруженија на граѓани со кои работи Милиеуконтакт на овој проект е составена од 26 членки-локални организации, мали, нови организации што работат на теми од животната средина и помагаат во своите заедници. И нашата цел и нашите активности се базирани генерално на работа со локалните заедници и работа со локални здруженија на граѓани и градење на нивните капацитети и се надеваме дека на тој начин ќе ги поттикнеме и промените што треба да се случуваат од долу па нагоре, односно од локално кон национално ниво.

Таа рече дека државните институции ги имаат сите алатки, закони и подзаконски акти за ефективно да се борат со загадувањето и со другите предизвици што ги имаме од областа на животна средина.

– Еден од трите столба на Архуската конвенција е пристапот до информации што се од областа на животната средина и идејата е Архус центарот да може на едно место да ги генерира, да ги наоѓа и да ги споделува сите информации што се важни и за граѓаните и за здруженијата на граѓани кои работат на оваа проблематика, а и нормално и за другите на кои им требаат сите информации што се поврзани со животната средина, рече Марковска.

Марковска посочи дека за загадувањето треба да се размислува 365 дена во годината, а не кога загадувањето ќе започне.

– Институциите треба малку побрзо да ги спроведуваат сите планови што ги имаат зацртано за да можеме да видиме бенефит и на крајот на денот целата држава треба малку да поработи на однесувањето на живеењето и на трошењето особено на користењето  амбалажа, користење разни горив. Генерално државата и Владата не можат да ни го решат загадувањето затоа што загадувањето потекнува од луѓето, односно секој поединец мора да се грижи за себе и мора да е одговорен за своите постапки, рече Марковска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.