Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ е голем туристички потенцијал, може да генерира 30 милиони ноќевања

0
By Sashko on August 28, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски смета дека Саемот за вино „Отворен Балкан“ во Белград е одлична можност да се испрати пораката на обединетост, подготвеност за заедничка соработка и носење на мудри одлуки.

Јаневски во пресрет на Саемот вели дека на манифестацијата ќе се претстават 333 винарии од регионот, Европа и светот, а со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од земјава, од Србија и од Албанија. Вкупно 300 метри квадратни, пак, се резервирани за туризмот.

„Очекувам од Саемот за вино да ја испратиме пораката дека Балканот е обединет. Од минатото да извлечеме поука и да носиме мудри одлуки. Да работиме и да создаваме мостови, а не пречки“, истакна Јаневски.

Тој информира дека од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а организирана ќе биде и Македонска вечер, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски. На Македонската вечер се очекува да присуствуваат 500 гости.

Оценка на директорот на АППТ е дека иницијативата „Отворен Балкан“ е голем туристички потенцијал кој може да генерира 30 милиони ноќевања и значително да го зголеми бројот на регионалните гости.

Премиерот Ковачевски во петокот соопшти дека на Саемот „Отворен Балкан“, што ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград, ќе учествуваат 42 македонски визби и три дестилерии, а претставени ќе бидат 300 различни вина.

„Учеството на овој Саем за домашната економија значи поголем извоз, откуп и обезбедување нови пазари за македонското вино. На манифестацијата чии кооорганизатори и кодомаќини сме и ние, ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот“, оцени премиерот.

Според него, Саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.