Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ на „Табановце“ и натаму со долги чекања на камионите а проблем е и честото снемување струја

0
By Mirjana on July 29, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанската Комора, како дел од активностите во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ (за подобрување на условите за работа на компаниите во регионот и за олеснување на увозот и на извозот на стоки, како и на слободното движење на трудот и на капиталот), со свои вработени е директно присутна на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, на кој само во јуни и во јули во двата правци границата ја поминале вкупно околу еден милион патници.

Во текот на јули вработените во Стопанската Комора на „Табановце“ констатираа:

  • секој ден просечно по 40-ина камиони чекаат на преминот;
  • за товарни возила во функција е само една лента;
  • во екот на летната сезона и лентата за „Отворен Балкан“ е во функција за патничките возила, а камионите се оставени да чекаат;
  • секојдневните прекини во напојувањето со електрична енергија, без можност за автоматско вклучување на агрегатите, ги блокираат системите;
  • на граничниот премин во колоната нема услови за одвојување на полните од празните камиони кои непотребно се задржуваат. 

За нас како мала и отворена економија и како активна транзитна земја ефикасното преминување на границите е суштинско, а во согласност со реакциите на нашите компании членки, и во делот на регулативата и во делот на постапките, веруваме дека постои простор за подобрување на состојбите, се наведува во соопштението од Стопанската Комора. 

Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески како и  министерот за внатрешни работи во Владата на РСМ, Оливер Спасовски, во присуство на првите луѓе од надлежните државни институции за непречено функционирање на протокот на „Табановце“, ќе оствари заедничка посета на граничниот премин во рамките на проектот на Стопанската комора за следење на протокот на стоки на граничниот премин „Табановце“, кој започна на 1 јули 2022 година, а ќе трае до 31 август. 

Азески и министерот Спасовски, по завршувањето на активностите на „Табановце“, ќе реализираат уште една средба, на која ќе се согледаат можностите за поедноставување на сложената процедура за регулирање на престојот и на работата за странците во РСМ, по констатираните проблеми од компаниите членки во Советот на странски инвеститори во изминатиот период, како и по проблемите поврзани со регулирањето на престојот на странските државјани од определени земји, кои не можат да го регулираат својот престој поради административни пречки, чии причини не се познати, а инвеститорите имаат потреба од нив поради инвестиции, сервисирање опрема и слично.

 

 

Отворен Балкан на Табановце се соочува со инфраструктурни проблеми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.